Достапни линкови

Блокиран дел од Коридор 10


Вработени во Здружението за заштита од пожари и обезбедување на објекти на српските железници денеска ја блокираа меѓународната железничка линија на Европскиот коридорот 10 во близина на Ниш. Неколку десетици работници од фирмата го блокираа патот, по што интервенираше и полицијата. Работниците бараат нивната фирма да се врати во состав на Српските железници, од кои беше одвоена во 2005 година, да им биде признат работниот стаж и да им се исплатат четирите заостанати плати.
XS
SM
MD
LG