Достапни линкови

Обама: САД и Кина имаат заеднички интерес


Врските меѓу Америка и Кина ќе го оформат 21 век, изјави денеска американскиот претседател Барак Обама. На првиот ден од разговорите меѓу американските и кинеските власти, Обама рече дека САД и Кина имаат заеднички интерес а тоа е борбата против нуклеарното вооружување. Инаку, Соединетите Држави и Кина денеска во Вашингтон започнуваат дводневни разговори за светската економска криза. Главни теми се курсот на валутите и американскиот дефицит во трговската размена со Кина.
XS
SM
MD
LG