Достапни линкови

Цената на бакарот како економски барометар


Ако сакате да ја проверите состојбата на светската економија би можеле да ги разгледате индексите на потрошовачка, да ги анализирате движењатата на американскиот пазар на недвижности или да се изгубите во прегледот на кинескиот бруто домашен производ. Или едноставно, можете само да ја проверите цената на бакарот која е традиционален економски барометар. Цената на овој метал само што го достигна врвот во изминативе девет месеци. Дали тоа е показател дека економијата оздравува?

Без разлика дали го користите вашиот мобилен телефон, дали возите автомобил или вклучувате електрична светилка. Можеби не сте знаеле, но бакарот е витален за овие секојдневни активности. Бакарот е издржлив и спроведува топлина и електрична енергија. Токму поради овие својства, портокаловиот метал е неопходен во модерниот живот, вели Хал Стилман, Директор за технологии во Меѓународниот институт за бакар.


Во просечен автомобил има околу 20 килограми бакар. Новите хибридни автомобили можеби ќе имаат двојно повеќе бакар во нив. Секој електричен мотор, конекторите и електричните кабли се направен од овој метал. Тој се користи и во секакви електронски направи.

Металот се смета за економски показател токму поради неговата широка употреба. Кога економијата напредува, побарувачката за портокаловата суровина се зголемува а со тоа расте и цената. За време на криза, побарувачката се намалува и паѓа цената на бакарот.
Стивен Бригс, аналитичар во „РСС Глобално Банкарство и Пазари“ од Лондон објаснува

"Другите метали се за поспецифична употреба. На пример олово – осумдесет отсто од овој метал се користи за производство на батерии - значи оловото се користи во конкретен сегмент на економијата. Цинкот, пак најмногу се користи за производство на челик, што значи дека 50 отсто од цинкот се користи за градежништво и производство на автомобили. Баркарот, од друга страна, се употребува во многу сектори".

Минатата година цената на бакарот беше променлива. Во јули овој метал се продаваше за рекордни 9.000 американски долари за еден тон, а во екот на светската економска криза цената на металот падна на 3000 долари за тон. Но кон крајот на минатата недела цената на бакарот се искачи на 5400 долари, што претставува раст за 70 проценти. Ова секако се добри вести за светските производители на бакарот како Чиле, Соединетите Држави и Казакстан.
Растот на цената на бакарот се случува за време на најголемиот пад на светската економија, што според аналитичарите влева оптимизам за перспективите на економскиот развој. Некои експерти, меѓу кои и Кристофер Велч од „Блумсбури Метали“, сметаат дека растот на цената на бакарот е резултат на глобализацијата
Глобализацијата ќе продолжи. Со тоа и побарувачката за метали ќе расте, посебно имајки ја предвид растечката урбанизација на Кина. Овие долгорочни трендови на раст ќе останат недопрени.
Оние кои со нетрпение го очекуваат опоравувањето на светската економија, пак, се надеваат дека иднината е блескава како бакарна паричка.
XS
SM
MD
LG