Достапни линкови

Буџетски пари за „Сведмилк“?


Премиерот Никола Груевски на поставувањето камен темелник на „Сведмилк“

Премиерот Никола Груевски на поставувањето камен темелник на „Сведмилк“

Бизнисменот Трифун Костовски и фармерите бараат Владата од ребеланс на буџетот да одвои пари за спас на млекарата „Сведмилк“. Правните експерти предупредуваат дека државна интервенција во млекарата не е во согласност со законот

Од ребаланс на буџетот Владата да одвои пари за спас на млекарата Сведмилк. Ова го побара бизнисментот Трифун Костовски од министерот за земјоделство Љупчо Димовски во името на оштетените млекопроизводители. Според законот за заштита на конкуренција забрането е Владата да и помага на една приватна компанија, затоа што неа ја ставате во поповолна ситуација од другите учесници на пазарот вели професорот по трговско право Горан Коевски.
Генерално, тоа е забранета практика, значи буџетски да се помага приватна компанија е забрането и е спротивно на законот за заштита на конкуренција. Значи ставате некого во поповолна положба од останатите учесници на пазарот


„Генерално, тоа е забранета практика, значи буџетски да се помага приватна компанија е забрането и е спротивно на законот за заштита на конкуренција. Значи ставате некого во поповолна положба од останатите учесници на пазарот.“

Но, може според законот за државна помош само во одредени ситуации, како што е економската криза. Но, во случајот на Сведмилк која прогласи стечај поради лошо менаџирање Владата не смее да дава пари од буџетот додава Коевски:

„Доколку доаѓа до пропаѓање заради пазарни услови, значи лошо сте играле на пазарот, а не како резултат на кризата тогаш не би ни следела. Имате во светот примери да добиваат државна помош, меѓутоа токму како резултат на економската криза. Во конкретниов случај се работи за домашен играч на пазарот којшто произведува млеко, во конкурентни услови, а причината не е резултат на забрана за извоз во околината или нешто друго, туку сосема други причини.“

Од здружението на оштетени фармери велат дека ова им е единствениот излез. Кога може Владата да дава пари за споменици тогаш зошто да не ни помоге на нас вели фармерот Гоце Катаровски.

„Бараме ребаланс на буџетот, да не обесштетат, нашиот долг е пет – шест милиони евра, а еден споменик чини толку. А, тука обесштетуваат фармери, ќе им дадат живот, за фармите да опстанат.“

Според стечајниот управник Богољуб Макаревски за рестарт на Сведмилк се потребни најмалку еден милион евра. Од Министерството за земјоделство велат дека ќе ја информираат Владата за барњето на оштетените млекопроизводители. Додека пак од Министерството за финансии велат дека сеуште не го резгледувале ова прашање.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG