Достапни линкови

logo-print

Во Србија расте бранот работничко незадоволство


Во Србија, според проценките на синдикалните претставници, се поголем број работници се повеќе се борат за гола егзистенција.

Бранот работничко незадоволство почна пред неколку месеци, па само во првата половина од годинава беа одржани над 20 штрајкови. Синдикалниот теоретичар, професор Дарко Маринковиќ вели дека зачестените протести се последица од лошата приватизација која ги доведе работниците до таква катастрофална положба каде што им се загрозени дури и основните човекови права.

,,Луѓето гладуваат, сметаат дека немаат иднина. Продолжувањето на таквата политика, без стратегија, без иднина води кон се помасовно излегување на улиците.,,
Ги слушам нашите министри кои по повод работничките бунтови велат дека имаат проблеми со новите сопственици кои не ги исполнуваат условите од договорот. Па секако кога им ги продаваат на криминалци.
..

Според податоците на Самостојниот синдикат на Србија, околу осумдесет илјади работници наскоро ќе останат без здравствена заштита, бидејќи нивните работодавци не ги плаќаат потребните придонеси за тоа. Потпретседателот на овој сидикат Душан Вуковиќ вели дека суштината на проблемот е во тоа што не постои систем, како ни колективни договори со кои би се регулирале обврските на газдите и на работниците.

,,Овие бунтови се последица од состојбата на социјална војна, а не на социјален мир, во која работодавците прават што сакаат. Нецивилизирано се однесуваат и спрема работниците и спрема државата. Буџетот трпи поради неплатени придонеси и даноци.,,

Во исто време, додека цените и трошоците за живот во Србија се зголемуваат извесен број работници не примаат плата и немаат можност да заминат во пензија. Дарко Маринковиќ смета дека тоа е поради криминалот и корупцијата во државата.

,,Ги слушам нашите министри кои по повод работничките бунтови велат дека имаат проблеми со новите сопственици кои не ги исполнуваат условите од договорот. Па секако кога им ги продаваат на криминалци.,,

Вели Маринковиќ додавајќи дека во еден таков латиноамерикански систем додека едни многу се богатат, другите гладуваат. Синдикалниот лидер Душан Вукотиќ пак, со песимизам гледа на иднината на работниците во Србија.

,,Според мене, сето ова е последица од отсуството на политичка и економска волја за решавање на проблемот. Мислам дека пред неколку години ја испуштивме шансата кога државата требаше да пресече и да пресетане на едни да им биде мајка, а на други маќеа.,,

Според синдикалните податоци, во изминативе осум години во Србија без работа останаа околу триста илјади луѓе, а месечно се отпушаат околу две ипол илјади работници.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG