Достапни линкови

Шефовите на дипломатиите на ЕУ за кандидатурата на Исланд



Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска во Брисел ќе ја разгледуваат кандидатурата на Исланд за прием во Унијата. Шведскиот шеф на дипломатијата Карл Билд денеска изјави дека предностите на Исланд се што таа земја е веќе дел од економската унија и шенген зоната. Министрите ќе ја разгледаат и ситуацијата во Грузија, како и кризата со нуклеарната програма на Иран и на Северна Кореја.
XS
SM
MD
LG