Достапни линкови

Бункерите на Енвер Хоџа заминуваат во истроријата


Бункерите што ги градел албанскиот комунистички диктатор Енвер Хоџа, за да се одбрани од евентуалниот непријател, заминуваат во истроријата.
Досега се уништени илјадници бункери, а сега се најавува уништување на бункерите во приморскиот дел на земјата.
Според градоначалникот на општина Семан Сотир Зарка, за уништување на бункерите биле употребувани и тенкови од Типот Т-59.
Долж крајбрежјето, во општината Семан, армијата треба да отстрани околу 200 бункери. На целата територија на Албанија имаше повеќе од 700.000 бункери. За нивна изградба бил потрошен материјал со кој би се изградиле сите патни правци и до најоддалеченото место во земјата и Албанија би имала најдобра патна инфраструктура во Европа.
XS
SM
MD
LG