Достапни линкови

САД и на Кина ги почнуваат разговорите за решавање на економската криза


Претставниците на САД и на Кина денеска во Вашингтон ги почнуваат разговорите за решавање на економската криза и покрај меѓусебната напнатост за светската валута, американскиот буџетски дефицит и големиот дисбаланс во трговската размена со Кина. Состанокот ќе го отвори претседателот на САД Барак Обама. Пред три години, тогашниот американски министер за финансии Хенри Полсон ги искористи разговорите за да изврши притисок врз Пекинг да ја зголеми вредноста на кинескиот јуан во однос на доларот за американските производи да бидат поевтинни во Кина. Според најавите, Американците ќе бараат гаранции дека Кина нема да прибегне кон протекционизам за време на кризата. Кинезите, пак, бараат од Вашингтон обезбедување на стабилноста на доларот и заштита на кинескиот имот во САД.
XS
SM
MD
LG