Достапни линкови

logo-print

Нови светски рекорди во пливање


Шведската пливачка Сара Сјестрем постави нов светски рекорд во трката на 100 метри делфин на Светското пливачко првенство во Рим. Таа постигна време од 56 секунди и 44 стотинки и го собори девет години стариот рекорд на холанѓанката Инге де Браун. Светски рекорд во Рим во штафетата 4х100 метри постави и машката пливачка репрезентација на САД. Тие ја испливаа патеката за 3 минути, 9 секунди и 21 стотинка.
Шампионатот во Рим е последен, на кој можат да се користат специјално дизајнираните костими кои од наредната година ќе бидат забранети со одлука на светската пливачка федерација ФИНА.
XS
SM
MD
LG