Достапни линкови

Иранската опозиција бара дозвола за комеморација


Лидерите на иранската опозиција Мир Хусеин Мусави и Махди Каруби побараа дозвола од иранските власти за одржување на комеморативна церемонија во чест на загинатите во минатомесечните немири во земјата. Новинската агенција ИСНА јави дека писменото барање било доставено до иранското Министерство за внатрешни работи. Двајцата лидери побарале дозвола за одржување на церемонија за време на која нема да има говори и обраќања. Мусави и Каруби планираат симболично да ги одбележат четириесетте дена од протестите во Иран кои избија поради незадоволство од резултатите од претседателските избори.
XS
SM
MD
LG