Достапни линкови

Протест на ујгурци во Турција


Етнички ујгурци денеска се судрија со полицијата додека протестираа пред кинескиот Конзулат во Истамбул, Турција. Новинските агенции пренесуваат снимки од протестите на кои учествуваа илјадници ујгурци. Извикувајки „Алах е голем“, насобраните неколкупати се обиделе да ја пробиат полициската барикада поставена околу Конзулатот. Ујгурците запалиле кинеско знаме по што полицијата фрлила солзавец. Најмалку 200 ујгурци загинаа во немирите во западниот дел на Кина овој месец.
XS
SM
MD
LG