Достапни линкови

Милан Живковиќ, пoртпарол на ССМ


Macedonia - Milan Zivkovic spokeperson of the SSM, Skopje, undated
Macedonia - Milan Zivkovic spokeperson of the SSM, Skopje, undated

ССМ деновиве го потпиша општиот колективен договор со работодавачите во Македонија од кој ние сме потполно задоволни. Ставот на претседателството е дека треба да има подобрување во таа сорботката со Владата. Ако тоа не се случи ќе бараме алтернативни решенија

Најпогодените сектори од кризата, како што се текстилната, металургиската индустрија, едвај преживуваат. Колку како синдикат успеавте да се наметнете во решавањето на проблемите на работниците во овој период?

ССМ деновиве го потпиша општиот колективен договор со работодавачите во Македонија од кој ние сме потполно задоволни, со кој, баш за овие прашања, за сите работници од стопанството се подобри статусот. Се регулира прашањето околу најниската плата, прашањата околу надоместокот за годишен одмор, новогодишниот надоместок, за прекувремената работа, прекувремената работа што е сигурно голем проблем и за низа други одредби и членови во законот за работни односи.

Избравте ли модел како ќе ја водите битката во наредниот период? Како планирате да ги браните пред владата вашите барања да се донесат дополнителни анти кризни мерки бидејќи претходно сведочевте дека има проблеми во повеќе сектори?

Можеме да кажеме дека анти кризните мерки за почеток се прифатени позитивно од наша страна, затоа што сепак, со донесувањето на анти кризни мерки ние признаваме дека има финансиска криза. Во крајните месеци на 2008 година, ставот на владата беше дека кризата ќе ја заобиколи Македонија. Што значи, со овие анти кризни мерки ние сепак признаваме дека има криза, луѓето сметаат дека сме во криза веќе 20 години, значи нешто се направило. Мислиме дека сеуште е рано да се види влијанието на тие анти кризни мерки. Би требало до крајот на годината да почекаме и дури тогаш да реагираме. Во меѓувреме ние и натаму ќе ја известуваме владата за тоа што се случува на терен. Не треба да чекаме на Заводот за статистика да ни каже колку невработени има, да ни каже колку работни места се загубени во овој месец или до крајот на годината, сепак има голем проблем и треба да се решава.

Какви се вашите анализи за наредниот период ќе има ли потреба од порадикално синдикално дејствување?

Во смисла на соработката со социјалните партнери ние сме задоволни. Потпишан е колективен договор со работодавачите и ни останува колективен договор со државата, значи со Министерството за труд и социјална политика. Ставот на претседателството е дека треба да има подобрување во таа сорботка. Сега за сега се одвиваат консултации со Министерството но тие остануваат на површно ниво. Се даваат предлози, но нашите предлози комплетно се одвиваат што се однесува на заштитата на правата на работникот. Доколку продолжи несоработката, нормално е тоа да доведе до општо социјално незадоволство. Ние може да направиме обид за мирна соработка со нашите социјални партнери. Но, доколку нема соработка, нема вратена поддршка и соработка, тогаш сигурно дека ќе бараме алтернативни начини како работникот да ја осознае таа реална ситуација.

Каква е вашата анализа за состојбите во кои се наоѓаат најпогодените гранки?

Како што споменавте, во првото прашање, текстилците, металците и целото стопанство на Република Македонија, има проблеми. Статистички можеме да кажеме дека има конфузни податоци и од владата. Во одредени извештаи Заводот за статистика вели дека има во Македонија 600 илјади вработени, а Фондот за здравство и пензиско кажува дека се уплаќаат придонеси за 400 илјади. Значи, тука имаме конфузни податоци, во смисла на тоа дека не знаеме на што треба да веруваме. Од нашите податоци, од гранковите синдикати, за луѓето кои редовно примаат плата е поразителна. Просечната плата од 19,500 денари е далеку пониска.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG