Достапни линкови

logo-print

Стотина заболени од свински грип во Словенија


Бројот на заболените од новиот грип од типот А (H1N1) во Словенија достигна 100 лица, соопшти Националниот институт за јавно здравство. Првиот случај на свинскиот грип во Словенија е потврден на 19 јуни, додека еден месец подоцна е забележана првата масовна инфекција од вирусот, откако беше утврдено дека 15 учесници по враќањето од екскурзија во Грција заболеле од грипот. Пандемијата на новиот вирус зафати 160 земји и досега уби 800 лица, соопшти Светската здравствена организација.
XS
SM
MD
LG