Достапни линкови

Најавени протести на опозицијата во Киргистан


Киргистанската опозиција денеска достави видео снимки кои наводно покажуваат неправилности во гласањето на претседателските избори кои во земјата се одржаа неделава. Официјалните резултати покажуваат дека Курманбек Бакиев освоил 80 отсто од гласовите со што добива втор претседателски мандат. Опозицијата, од друга страна најави антивладини протести.
XS
SM
MD
LG