Достапни линкови

logo-print

Осумнаесетмина заразени со свински грип во Романија


Седумнаесет студенти и еден професор, учесници на меѓународните летни курсеви кои се одржуваат во централнороманскиот град Брашов се заболени од новот грип од типот А (H1N1) потврди институтот „Кантакузино“ од Букурешт. Студентите се на возраст меѓу 20 и 25 години. Петмина од нив се Романци, а останатите се од Турција, Австрија, Шпанија, Португалија, Грција, Белгија, Хрватска и Русија. Професорот е романски државјанин. Сите инфицирани со свинскиот грип се сместени во болницата за инфективни болести во Брашов.
XS
SM
MD
LG