Достапни линкови

Македонија енергетски неефикасна


Ветерници

Ветерници

Вода и јаглен, тоа се енергeнсите од кои Македонија добива најмногу енергија. Немаме гас, немаме нафта, алтернативните извори како сонце, ветерници, биогориво сеуште не се користат доволно. Според експертите Македонија е енергетски неефикасна земја. Во последно време се почесто се зборува за црните сценарија според кои доколку не се превзедат итни мерки за неколку години Македонија ќе стане енергетски зависна земја. Но и покрај предупредувањата, „Белане “ ја отпишавме, „Набуко не одмина, „Чебрен “ и „Галиште“ чекаа, а Европа не искара заради неевропски закон за енергетика.

Македонија е енергетски неефикасна земја.,губи премногу енергија, долго не инвестира во нови енергетски капацитети, поради што е увозно зависна, заклучија членовите на МАНУ во истражувањето за домашниот енергетски сектор. Академиците предупредуваат дека ако не се подобрат постојните енергетски извори и не се изградат нови, ќе се соочиме со забавување на целата економија, огромен трговски дефицит и недостиг од ресурси. Очекувањата се дека цената на енергијата ќе расте, па според тоа може да се е заклучи дека и во 2020 година ќе имаме многу високи трошоци за енергија во однос на развиените земји, велат академиците. Македонија увезува 80 отсто од потребната енергија. Од увоз се снабдуваат вкупните потреби од нафта и нафтени деривати и природен гас, како и дел од
Ако под итно не се отворат новите рудници за постојните термоцентрали и ако не се инвестира во нови објекти, тоа би било најцрното сценарио
електричната енергија. Според анализата на МАНУ, треба да се искористат максимално водните потенцијали, јагленот и обновливите извори на енергија како што се мали хидроцентрали, сончева енергија, ветерот и биомасата.. Долгорочно гледано, според МАНУ, Македонија не треба да отфрла опции за инвестирање во енергетски капацитети во регионот и изградба на нуклеарна централа. Еден од главните предизвици, според експертите, е да се намали потрошувачката на струја во домаќинствата. Посебен проблем претставува тоа што во Македонија, голем дел од домаќинствата се греат на струја. Според црното сценарија доколу под итно не почне да се вложува во електро-енергетскиот сектор, Македонија за десетина години ќе треба да увезува околу 90% од потребната струја, предупредуваат академиците.

,,Ако под итно не се отворат новите рудници за постојните термоцентрали и ако не се инвестира во нови објекти, тоа би било најцрното сценарио.“

вели академик Глигор Каневче. Експертите се сложуваат дека Македонија има потенцијали за користење на обновливи енергетски извори. Може да се инвестира во користење на сончевата енергија, енергијата на ветерот,термалната енергија или биоенергијата добиена од отпадната маса од земјоделието.Професорот Константин Димитров од Центарот за енергетска ефикасност вели дека не се направени истражувања-- колкав е потенцијалот на овие видови на енергија. Ваквиод вид на обновливи енергетски извори ќе помогнат да се намали увозот на струја.

Соларни панели
,,Неможат да го решат, можат да го ублажат. Колку пари имаме за да вложиме, значи строго е поврзано со инвестиции. Ако се направат малите хидроцентрали, нагло ќе се ублажи потребата за увоз на електрична енергија. Македонија ќе дојде на некоја граница со сопствено производство да ги задоволи потребите.“
вели Димитров.

Професорот од елекротехничкиот факултет Атанаско Туневски предупредува дека секоја побарувачката на струја ќе се зголемува а ќе се намали производството затоа што капацитетите се застарени.
Неможат да го решат, можат да го ублажат. Колку пари имаме за да вложиме, значи строго е поврзано со инвестиции. Ако се направат малите хидроцентрали, нагло ќе се ублажи потребата за увоз на електрична енергија. Македонија ќе дојде на некоја граница со сопствено производство да ги задоволи потребите


,,Решението е преку сериозни инвестиции или во енергетски извори на цврсти горива, значи на јаглен, мазут или пак уште подобро инвестиции во нуклеарна електрана која што јасно немора да се гради во Македонија и нема услови за да се гради во Македонија, но би можеле да се вклучиме во некоја регионална нуклеарна електрана.“

Според сценариото за развој на електроенергетскиот систем, кое го подготви МАНУ, Македонија до 2020 година ќе мора да ги изгради планираните хидроцентрали во Бошков мост, Црн Камен, Галиште, Чебрен и Велес со вкупна инвестиција од 1,3 милијарда евра. Трите гасни централи: „ТЕ-ТО“ Скопје, „Железара“ и ЕЛЕМ треба да се пуштат во погон до 2013 година. До 2025 година треба да почнат да работат и сите планирани термоцентрали на јаглен од длабински јамски коп, како што се „Битола 4“, „Неготино“ и „Мариово“.Македонија троши премногу енергија, не се штеди и не се користат обновливите извори. Македонците не штедат на струја во услови кога цел свет внимава на потрошувачката на најскапиот енергенс, предупредуваат експертите. Тие велат дека се прават големи загуби од процесот на производство , па се до нејзиното трошење во индустријата и во домаќинствата. Наместо енергетска ефикасност во Македонија постои енергетска неефикасност велат тие.
Од невладината организација Проактива во чии рамки постои Центар за енергетска ефикасност, велат дека го отвориле центарот затоа што јавноста не е информирана за тоа што значи да се биде енергетски ефикасен.

,,Некои што се информирани, не знаат како да го користат на пример светилки кога купуваат гледаат да земат поевтини, разбрале дека се штедливи, дека можат да заштедат некоја потрошувачка, но сепак не е така како што се мисли. Ќе купат поевтини светилки кои не се толку ефикасни.“
Вели Јован Драганов од Проактива.
Граѓаните најмногу се интересираат за штедливите светилки и
како да ги изолираат ѕидовите и прозорите. Некои од граѓаните велат дека внимаваат колку струја трошат, но има и такви кои нештедат.

,,Пробуваме да штедиме со гасење на светло, гасење на апаритите.“

,,Внимавам да ги исклучувам апаратите кои што најмногу трошат електрична енергија.“

,,Мислам дека нема човек што штеди струја.“

Професорот Константин Димитров , вели дека Македонија во споредба со развиените земји троши три до четири пати повеќе енергија во однос на бруто национален приход. Тој вели дека на луѓето треба да им се објасни што значи енергетска ефикасност .Тоа не е штедење на енергија туку со помалку енергија да се исполнат условите за нормално живеење, објаснува професорот .
Освен што не штедат на струја, не штедат ни на вода и покрај тоа што според потршувачката на вода,Македонија се наоѓа на листата на земји нерационални потрошувачи. Податоците велат дека македонците трошат во просек по околу 240 литри по жител. Пред нас се американците кои трошат по 300 литри дневно по жител, Холандија во која еден жител троши во 100 литри дневно се смета за земја рационален потрошувач, а во Сомалија каде водата е луксуз се троши дневно по 10 литри по жител. Од „Водовод и канализација„ велат дека не е исклучува можноста во летниот период да се појави недостиг на вода на одредени локации. За да се избегнат несаканите ситуации и рестрикциите во водоснабдувањето, од водовод повикуваат на рационално трошење на водата.
,,Треба граѓаните своите водоводни инсталации да ги држат во исправна состојба со што ќе дадат придонес, исто така да се не злоупотребуваат хидрантите во зградите за полевање на зелените површини, перење на коли и
Единствен излез на Македонија од енергетската зависноста е изградба на енергетски капацитети и алтернативни извори на енергија, Експертите тврдат дека е неопходно да се направи стратегија за тоа кој енергетски извор ќе се користи следниве сто години.Веќе неколку години, освен „Козјак“, не е изграден ниту еден енергетски капацитет, а побарувачката на струја од година во година расте. Тоа неминовно ја направи државата зависна од увоз на струја.. Според професорот Атанаско Туневски, инвестициите треба да ги вложи државата, а не да инвестираат странци.

Термоцентрала
,,Ако инвестираат странци тоа што ќе го изградат ќе биде странско, значи нашата држава со оглед на тоа дека има буџет над две милијарди евра, може да одвои годишно по некој процент од тој буџет и да почне да гради некаков електроенергетски објект со цел оваа држава еден ден, не остане без струја од државно производство. Значи ако вие на некој странец му ги дадете сите локации и некој странец изгради електроенергетски објект тие ќе бидат во сопственост на странецот и нема многу да значат за државата.“
Македонија остана надвор од многи заеднички регионални енергетски проекти. Само пред десетина дена Турција, Бугарија, Романија, Унгарија и Австрија ставија параф на договорот за изградба на Набуко, гасоводот во кој ЕУ гледа енергетска стабилност и елиминирање на монополот во снабдувањето со гас од Русија и Украина. Македонија остана надвор од „Набуко“. Земјава не фигурира ниту на еден главен гасоводен проект.

Аналитичарот Мерсел Биљали вели дека во Македонија нема поволна клима за странските инвеститорите.

,,И власта се однесува рестриктивно кон релевантни инвеститори, а второ ние сеуште не сме членка на НАТО, така што дури и ЕВН која е инвестотор кај нас, инвестирале пред шест месеци милијарда евра во Албанија. Значи, нешто не е во ред со нашите структури и институции.“

Во Македонија потенцијалот на обновливите извори е значителен, но недоволно искористен. Професорот Трпе Груевски вели дека
Човештовото мора да свати дека атомската енергија е контоверзна и затоа треба да се сврти кон обновливите извори на енергија, сонцето, ветерот и преработка на биогасот
мнаместо да се гради атомска централа, треба да се свртиме кон искористување на обновливите извори.

,,Човештовото мора да свати дека атомската енергија е контоверзна и затоа треба да се сврти кон обновливите извори на енергија, сонцето, ветерот и преработка на биогасот.“

Хидроцентрала
Вели Груевски кој е претседател на здружението за користење на обновлива енергија. Минатата недела беше потпишан договор за изградба на првите 16 хидроцентрали од вкупните планираните 400. Малите хидроцентрали се најдобриот начин за да се ублажи недостигот на електрична енергија. Македонија има капацитети да добива струја од вакви хидроелектрани, чија е изградба е скапа, но затоа пак, одржувањето е евтино, велат експертите.

Годишно производство на електрична енергија од овие мали хидроелектрични централи се очекува да изнесува околу 1200 ГВтч додека вкупната инвестиција би била околу 300 милиони евра, велат од министерството за економија.

,,Самата компанија која што ќе ги изгради сите овие хидроцентрали ќе треба да склучува договор со ЕЛЕМ за продавање на електричната енергија, а за тоа се знае дека е одредена тарифата. Тие автоматски ќе можат да склучат договор и со ЕВН, или со другите компании, но битно е дека тие автоматски струјата ќе ја продадат на ЕЛЕМ, а ЕЛЕМ на ЕВН.“

вели Исмаил Ебипи од министерствот за економија

Во Македонија, заради изградба на поголеми хидроцентрали, во шеесеттите години од минатиот век е прекинато со градење мали. Акадмик Глигор Каневче вели дека доколку се изградат сите предвивдени мали , нивното производство ќе биде еднакво на производството на една голема хидроцентрала

,,Не се толку добри како оние кои што имаат акумулација, затоа што сепак зависат од временските прилики. Но, секако се користат.“

вели Каневче и додава дека постојат реални можности и за изградба на големи хидроцентрали со кои би се подобрило снабдувањето со електрична енергија. Во земјите членки на ЕУ има околу 20.000 мали хидроцентрали, во Македонија досега има само 21.и сите се приклучени на електродистрибутивна мрежа и се сопственост на ЕВН

Европската унија, кон чие членство Македонија се стреми, пред себе го има условот енергијата добиена од обновливите извори да учествува со 20% од целокупното производство. Според енергетичарите во Македонија само 0.02 % од енергијата се добива од обновливи извори.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG