Достапни линкови

Лидерската средба конструктивна


Лидерска средба
Лидерска средба
Лидерите на најголемите парламентарни политички партии, одржаa заедничка средба која ја оценија како конструктивна. На средбата се разговарало за прашања важни за ЕУ и НАТО интеграцијата на Македонија. Лидерите ветија дека нема да го опструираат носењето
Шансата е пред нас, и ние треба да ја искористиме како држава, независно кој во која партија е
на законите кои ЕУ бара да бидат донесени.

На средбата што ја иницира премиерот Никола Груевски, присуствуваа претседателите на СДСМ, на ДУИ и на Нова Демократија, Бранко Црвенковски, Али Ахмети и Имер Селмани. Првиот човек на ДПА Мендух Тачи не дојде. На половина средба беше повикан и претседателот на собранието , Трајко Вељановски. Претседателот на Владата и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски изјави дека Македонија останува на патот кон ЕУ и НАТО.

„Шансата е пред нас, и ние треба да ја искористиме како држава, независно кој во која партија е.“

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски вели дека нема да биде во ред ако и по четврти пат Македонија не добие препорака за
Сега доаѓаме во една ситуација, кога после 17 месеци, не е до крај завршена работата и мораме да се обидеме тоа да го постигнеме во наредните 50 дена. Значи, се наоѓаме во една трка со времето и можам да кажам дека СДСМ во овој период ќе биде крајно конструктивен, во интерес на државата
претпистапни договори.

„Сега доаѓаме во една ситуација, кога после 17 месеци, не е до крај завршена работата и мораме да се обидеме тоа да го постигнеме во наредните 50 дена. Значи, се наоѓаме во една трка со времето и можам да кажам дека СДСМ во овој период ќе биде крајно конструктивен, во интерес на државата.“

Првпат покана за учество на лидерска средба доби претседателот на Нова Демократија Имер Селмани . Тој ја отворил расправата за законот за употреба на албанскиот јазик.

„Да имаат право, кога ќе влезат во Собранието, огласите и сите информативни табли да бидат двојазични, значи да имаме навистина имплементирање на службено ниво на употребата на албанскиот јазик. А, ако нема таков договор ние ќе инсистираме нашите амандмани да влезат во расправа и ќе инсистираме да бидат прифатени од мнозинството.“

И од ДУИ средбата ја оценија како конструктивна:

„Се договоривме Собранието да преземе обврска после гласањето на Законот за Собрание, за три – четири месеци, да се отвори расправа за прифаќање на сугестиите и забелешките на Венецијанската комисија во поглед на Деловникот на Собранието.“

Оваа лидерска средба се одржува во пресрет на извештајот на Европската Комисија за прогресот на Република Македонија и севкупните Евро-атлански интеграции . Лидерите на најголемите политички партии се сретнуваат само еден ден по посетата на еврокомесарот за проширување, Оли Рен, кој порача дека очекува брзо и квалитетно спроведување на останатите предуслови за добивање датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG