Достапни линкови

ЕУ изрази разочараност од изборите во Киргистан


Шведското претседателство со Европската Унија денеска изрази загриженост од нерегуларностите на претседателските избори во Киргистан. Посматрачите на ОБСЕ денеска соопштија дека изборите не биле демократски, имало полнење на кутиите и многу други неправилности. Инаку, според првичните резултати од претседателските избори во Киргистан, победник е досегашниот претседател Курманбек Бакиев.
XS
SM
MD
LG