Достапни линкови

Почна лидерската средба во Скопје


Лидерите на најголемите парламентарни политички партии поладнево во Клубот на пратениците ја почнаа средбата на која се разговара за прашања важни за ЕУ и НАТО интеграцијата.
На средбата што ја иницира премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, присуствуваат првите луѓе на СДСМ, на ДУИ и на Нова Демократија, Бранко Црвенковски, Али Ахмети и Имер Селмани. Не дојде лидерот на ДПА Мандух Тачи. Тој во отвореното писмо испратено денеска до Груевски наведува дека ваквите средби ги смета за бескорисни, особено за Албанците.
На лидерската средба присуствуваат и вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски и шефот на дипломатијата Антонио Милошоски. Се очекува лидерите на најрелевантните политички партии да се обидат да ги усогласат ставовите и да се изнајде политички консензус за реформите и останатите суштински прашања од значење за ЕУ и НАТО перспективите на Македонија. Не е исклучено да стане збор и за процесот на преговори со Грција околу спорот со името.
XS
SM
MD
LG