Достапни линкови

Власта глува на препораките од Брисел?


Зградата на ЕВН

Зградата на ЕВН

Македонија доби остро предупредување од европската енергетска заедница за некои одредби од Законот за енергетика, како и рок до 20 септември да ги смени. Владата тврдеше дека законот е одобрен од Брисел и усогласен со ЕУ.

Законот за енергетика, поради неколкуте спорни одредби на кои европската комисија даваше забелешки од самиот почеток, сега не доведува до посериозни предупредувачки фази од страна на европската енергетска заедница, откако минатата недела оваа висока институција во енергетскиот сектор го објави мислењето дека посочуваните одредби од законот мора да се сменат до 20 септември. Повеќе не прифаќаме принципиелна согласност која и до сега ја добивавме, туку категорично да или не од македонските власти, дали ќе бидат направени наведените корекции, изјави за Радио Слободна Европа, директорот на секретарјатот на Европската енергетска заедница Славчо Нејков, ако не бидат направени процедурата ќе ја однесе Македонија пред Европската комисија која ќе одлучува што
Временски тоа е можно да се направи, не е проблем, треба само овие две измени да се тргнат од актуелниот закон за енергетика, и на некој начин би биле во согласност со европските директиви. А, зошто тоа се направи? Се сакаше на ЕЛЕМ да му да даде монопол? Не е јасно зошто тоа се направи
понатаму. Македонските власти долго време уверуваа дека заонот е одобрен од Брисел, како и дека тој е во согласност со европското законодавство. Домашните експерти кои исто така го критикуваа законот сега се прашуваат на што власта го темелеше ваквиот став и дали воопшто до сега ги разбирала пораките од Брисел или едноставно ја дезинформирала јавноста?

„Значи имаме проблем. Сега, за два месеци да се смени актуелниот закон за енергетика, односно да се врати во сила стариот закон за енергетика којшто важеше до 2008 година. Временски тоа е можно да се направи, не е проблем, треба само овие две измени да се тргнат од актуелниот закон за енергетика, и на некој начин би биле во согласност со европските директиви. А, зошто тоа се направи? Се сакаше на ЕЛЕМ да му да даде монопол? Не е јасно зошто тоа се направи,“

Вели универзитетскиот професор Атанаско Туневски.
Уште пред донесувањето на спорните одредби во законот за енергетика, енергетската заедница изрази загриженост за зајакнатата поддршка што му се дава на ЕЛЕМ на пазарот, што би можело да предизвика нетранспарентна набавка на струја. Професорот Константин Димитров смета дека европските предупредувања се во сериозна фаза и дека ова е добра можност за освежување на законот:

„Ова за мене е многу сериозно кажано. Ова е и добра можност еден мал дел да се дополни и освежи со предлози од практиката во спроведување на одредени наредби и правилници и да се освежи законот за енергетика.“

Дали властите овој пат ќе ги слушаат европските препораки, ќе се покаже во наредните два месеци.
XS
SM
MD
LG