Достапни линкови

Оли Рен, поради здравстени проблеми, ги откажа активностите во БИХ


Евро-комесарот за проширување Оли Рен, поради здравствени проблеми, ги откажа сите активности што беа предвидени за денеска во Сараево, соопшти канцеларијата на Европската Комисија. Рен требаше да има средби со властите на Босна и Херцеговина, а предвидено беше и обраќање во Парламентот. Босна и Херцеговина беше последната станица од Балканската турнеја на Рен, при што престојуваше во Белград, Подгорица и Скопје.
XS
SM
MD
LG