Достапни линкови

Во Франција ќе се работи и во неделите


Француското собрание, и покрај протестите на синдикатот, донесе закон со кој им се дозволува на голем број на фирми да работат и во недела. Со само 7 гласа повеќе ,Сенатот го усвоил нацрт законот, со што се става крај на повеќемесечната расправа за заштита на работниците која се водеше во земјата. Со новиот закон, во Париз, Марсеј , во Лил и во некои туристички места, фирмите ќе можат да работат и во недела. За француските левичари но и за дел од пратениците од партијата на претседателот Саркози, законот значи нарушување на социјалниот модел на Франција.
XS
SM
MD
LG