Достапни линкови

Во светот се подобрува сликата за САД


Сликата за САД која ја имаат државите во светот , се менува на подобро откако на чело на Америка е Барак Обама, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од американскиот истражувачки центар, Пју. Најдобар став за САД имаат Франција и Германија. И во Муслиманските земји се подобрува сликата за САД, но сепак Америка сеуште е неомилена за турците, пакистанците и за палестинците, а поголема доверба имаат жителите на Египет, Јордан и Либан. Израел е единствената земја кој има негативно мислење за САД.
Анкетата со која се испитани 27.000 луѓе е спроведена од 18 мај до 16 јуни.
XS
SM
MD
LG