Достапни линкови

logo-print

Ситроен се извини за картата на Балканот


Францускиот производител на автомобили „Ситроен“ се извини поради објавувањето на географската карта на Балканот на која грубо се прекроени границите на некои држави. Директорот на „Ситроен“ Фредерик Банзе на амбасадата на Босна и Херцеговина во Париз и упати писмо со извинување во кое изразува жалење поради грешките содржани во најновиот промотивен материјал на компанијата. Извинувањето следеше откако Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора овој месец упатија протестни писма до „Ситроен“ поради мапата на која Босна се најде во еден дел во рамки на српските граници, а во друг дел во хрватските граници, додека Црна Гора се појави во рамки на Србија, а добар дел од Хрватска е присоединета кон Словенија.
XS
SM
MD
LG