Достапни линкови

Средба Баросо - Косор


Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска во Брисел повтори дека посакува брзо пристапување на Хрватска во Европската Унија, по средбата со хрватската премиерка Јадранка Косор. Членството на Хрватска во Унијата ќе биде многу битно за стабилноста на југоисточна Европа, рече Баросо, изразувајќи увереност дека добрата соработка меѓу Загреб и Брисел ќе продолжи и под водството на Косор. Хрватската премиерка изјави дека нејзината земја ќе продолжи на патот кон ЕУ.
XS
SM
MD
LG