Достапни линкови

Неопходно „кратење“ на трошоците


Скопје - Изградба на нов објект покрај кејот

Скопје - Изградба на нов објект покрај кејот

Експертите препорачуваат кратење на непродуктивните трошоци кои во услови на криза се сметаат за луксуз. Од Министерството за финансии велат дека во буџетот има доволно пари за плати и социјални давачки за тековната година.

Се она што незначи пресудно како трошок за економијата треба да се скрати, како планираните проекти во културата, трошоците за купување мебел, опрема и возила за државните потреби кои сега се проценуваат како луксуз, велат дел од економистите откако министерот за финансии Зоран Ставревски потврди дека Владата подготвува нов ребаланс на буџетот до крајот на летото:
Значи тоа да се одложи, тоа се сите овие непродуктивни издатоци, како споменици, потоа наводни инвестиции за културата, за ископувања археолошки. Сите тие издадотци треба да се скратат, бидејќи тоа не е пресудно да се направи оваа година


,,Значи тоа да се одложи, тоа се сите овие непродуктивни издатоци, како споменици, потоа наводни инвестиции за културата, за ископувања археолошки. Сите тие издадотци треба да се скратат, бидејќи тоа не е пресудно да се направи оваа година. Тоа треба но, не оваа година, може до година или во друг догледен период.“

Потребно е извесно кратење на трансферите и на договорните услуги како што се вработувањата преку Агенцијата за вработување, но претходно треба да се направи каде реално има потреба од тоа, односно колку луѓе има примено по пат на договор на дело, а колку треба да бидат, вели професор Ванчо Узунов.

,,Тука може да се скрати, но треба да се види каде колку треба, реално да се направи проценка.“

Засега во Министерството за финансии проценуваат дека буџетот има доволно приходи за финансирање на платите и социјалните права за 2009-та година. Професор Марија Зарезанкова потребно е да се направи анализа дали има потреба од кратење, односно замрзнување на платите:

,,Незнам дали би било популарно да се кратат, но замрзнување во секој случај да, бидејќи еве приливот на средства во буџетот се мали, задолжувањата во странство исто така значи понатаму оптеретување на државата инт. Значи мора да се најде еден баланс во сите тие
Она што значи патувања да се сведе на минимум, она што значи трошења за телефони, да се намалат разни бенефиции кои што ги имаат државните службеници
ставки, значи да не се одрази многу на оние витални функции на државата, но се што не е многу опходно да се намали.“

Во меѓувреме владата го замрзна најавеното покачување на платите и усогласување на пензиите за четири отсто како што претходно планираше. Кратења треба да има во областа на репродуктивните трошоци, а да се задржи поддршката на производството, вели Зарезанкова. Една од мерките што треба да се преземат според неа е да се намалат бенифициите што ги имаат државните службеници во однос на непродуктивните трошења:

,,Она што значи патувања да се сведе на минимум, она што значи трошења за телефони, да се намалат разни бенефиции кои што ги имаат државните службеници.“

Според неа неопходно е да се намали трошењето во однос на проекти кои што не се директно поврзани со производството, како што се рекламите и да се најде баланс во сите ставки.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG