Достапни линкови

logo-print

Бајден: Ќе има нови жртви во Авганистан


Американскиот потпретседател Џо Бајден во Тбилиси изјави дека САД, Британија и други земји членки на НАТО очекуваат дека бројот на жртви во Авганистан ќе расте. Бајден рече дека се оправдани зголемените безбедносни мерки пред претседателските избори во земјата кои се закажани за 20 август. Американскиот потпретседател додаде дека тероризмот кој му се заканува на светот се развива во граничната зона меѓу Авганиустан и Пакистан.
XS
SM
MD
LG