Достапни линкови

Оли Рен во Македонија


Еврокомесарот за проширување Оли Рен

Еврокомесарот за проширување Оли Рен

Освен добрите вести за визната либерализација, се очекува еврокомесарот Оли Рен да ги охрабри македонските власти да продолжат со реформите за добивање датум за преговори со ЕУ.

Комесарот за проширување на ЕУ Оли Рен, денеска доаѓа во Македонија. Според информациите од Европската унија, освен добрите вести за визна либерализација, еврокомесарот Рен ќе ги охрабри македонските власти да продолжат со реформите и да ги исполнат преостанатите критериуми за добивање датум за почеток на преговорите за полноправно членство во Унијата, пред објавувањето на Извештајот за напредокот на Македонија, на есен. Предвидено е Еврокомесарот Рен да се сретне со премиерот Никола Груевски, а потоа средбата да продолжи во проширен состав со министрите вклучени во процесот на евроинтеграции.
Рен треба да се сретне и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со членовите на Националниот совет за евроинтеграции,
Тоа се состојбите во судството, значи реформите во судството, реформите во јавната администрација и борбата против корупцијата
како и со претставници од невладиниот сектор. Претседателката на Транспарентност-нулта корупција Слаѓана Тасева вели дека Рен ќе посочи на слабости кои и домашните експерти веќе ги воочиле.

,,Тоа се состојбите во судството, значи реформите во судството, реформите во јавната администрација и борбата против корупцијата. Несакам да ја ставам борбата против корупцијата на прво место, доколку се решат првите два проблеми секако дека ќе го решиме и проблемот со борбата против корупција.“

Тасева се сомнева дека реформите може да се завршат навреме, пред објавувањето на новиот извештај на Европската комисија. Реформите во судството се само на хартија, а постојано се наоѓаат изговори зошто не се рабори на професионална администрација, вели Тасева.

,,Борбата против корупцијата се водеше само за пред камери и само за обезбедување на поддршка на јавното мислење, а не како суштинска работа. Тоа неможе да се постигне за период од два месеци.“

Политикологот Марија Ристевска, пак, смета дека ниту еден од осумте репери не е објективно мерлив, за да се утврди дали навистина
Борбата против корупцијата се водеше само за пред камери и само за обезбедување на поддршка на јавното мислење, а не како суштинска работа
има напредок. Реперите се така поставени, да може да има слободна интерпретација на постигнувањата и поради тоа не се реален инструмент за мерење на напредокот, вели Ристевска.

,,Секогаш прогрес извештајот е политичка одлука и е заради методологијата според која се прави не е точно утврдена, тоа е субјективна интерпретација на оние кои што го подготвуваат.“

Според осумте одредници што ЕК и ги испорача на Македонија во мај, минатата година, од земјава се очекува спроведување на сите обврски од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, дијалог меѓу политичките партии, имплементација на Законот за полиција, резултати во борбата против корупцијата, реформи на судството и на јавната администрација, мерки за справување со невработеноста и подобрување на бизнис климата.По денешната посета на Скопје, Рен продолжува во Босна и Херцеговина.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG