Достапни линкови

Северна Кореја одбива да ги продолжи преговорите


Северна Кореја соопшти дека нема ништо од 6-партитните преговори за нејзината нуклеарна програма се додека Соединетите Држави не ја сменат непријателската политика. Ова го јавија јужно-корејските новинари, кои биле брифирани од претставникот на Северна Кореја на состанокот на АСЕАН во Пуке, Тајланд. Во меѓувреме, американскиот државен секретар Хилари Клинтон, која учествува на состанокот во Пуке, ги повика азиските и другите земји да ги применат санкциите на Обединетите Нации против Северна Кореја поради нукеарните активности. Соединетите Држави ќе продолжат да дејствуваат за да ја убедат Северна Кореја да се откаже од нуклеарната програма, изјави Клинтон.
XS
SM
MD
LG