Достапни линкови

Работнички продолжува во Европа?


Фудбалски натпревар

Фудбалски натпревар

Фудбалерите на Работнички ќе се обидат да спречат елиминација на сите македонски клубови од европските купови. По „ремито“ 1:1 во Ирска, денеска на Арената Филип Втори во Скопје се игра реваншот, во кој „романтичарите“ влегуваат како фаворити

Фудбалерите на Работнички ќе се обидат да спречат елиминација на сите македонски клубови уште по првите дуели во европските купови. За такво нешто, актуелниот освојувач на нашиот куп во второто квалификациско коло од Европа лига на УЕФА, на Арената Филип Втори во Скопје ќе треба да го совлада Крусајдерс од Северна Ирска. Непознато име во светот на фудбалот, што надополнето со
Се очекува пласман на Работнички во следното коло. Иако можеби е преоптимистичка мојата изјава, но од последниот натпревар кој го одигравме во Ирска се гледа дека квалитетот е на наша страна и ќе гледаме да го валоризираме тој квалитет
податокот дека минатата недела во Белфаст со гол во последните секунди од мечот извлече реми од 1-1, најдобро говори дека се освен вкупна победа на прволигашот од Дебар Маало ќе е големо изненадување. Факт од кој не бега ниту шефот на стручниот штаб - Зоран Стратев кој и порачува на домашната спортска јавност дека треба да

„Се очекува пласман на Работнички во следното коло. Иако можеби е преоптимистичка мојата изјава, но од последниот натпревар кој го одигравме во Ирска се гледа дека квалитетот е на наша страна и ќе гледаме да го валоризираме тој квалитет,“

изјави Стратев, кој сепак повикува и на внимателност. Односно, опоменува дека на противникот не смее да му се даде ниту најмала шанса за изненадување, за што треба да се форсира игра по земја, со брзи и кратки проигрувања.

„На неколку наврати тоа го направивме во Северна Ирска, така и успеавме да поентираме. Но, многу малку беше застапена таа игра и јас бев незадоволен од фудбалерите, затоа што прифатија нивна игра. Се надевам дека овој пат тоа нема да биде така и со една игра до нога, со многу трчање, со кратки пасови, мислам дека ќе успееме да го пробиеме противникот,“

додаде Стратев, со чие мислење се согласуваат и неговите избраници. Тие се свесни за одговорноста која ја имаат пред македонските љубители на фудбалот, кои очекуваат нивен подолг престој на европската сцена. Цел за чие исполнување, според еден од најголемите адути, играчот за врска - Никола Глигоров, романтичарите ќе го дадат максимумот:

„Оптимисти сме, после 1:1 во гости сме благи фаворити, но нема опуштање. Ќе дадеме се од себе да го поминеме противникот,“

рече Глигоров, кој е убеден дека наредната недела, во рамките на третото квалификациско коло од Евролигата, во Скопје ќе гостува данскиот Одензе.
На 23 јули и вицешампионот Милано ќе го одигра реваншот со хрватскиот Славен Белупо. Сепак, неговите шанси за минување во следната рунда се теоретски, по минатонеделниот пораз во Куманово од 0-4. Од друга страна, пак, шампионот Македонија ЃП и Ренова веќе го завршија настапот на европска сцена, по елиминациите од белоруските Бате Борисов и Динамо Минск





XS
SM
MD
LG