Достапни линкови

logo-print

Најавена средба на лидерите на балканските земји


Италија понуди да организира средба на лидерите на балканските земји, со цел да се промовира влезот на тие држави во Европската Унија, најави денеска италијанскиот Министер за надворешни работи Франко Фратини. Тој нагласи дека ваквиот самит, кој би требало да се одржи на почетокот на 2010 година, првенствено би бил насочен кон промовирање на приемот во ЕУ на држави како Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија.
XS
SM
MD
LG