Достапни линкови

Советници и референти се работните места што ги добија 50-тина албанци вработени во државната администрација согласно обврските од Рамковниот Договор. Незнаат што точно ќе им бидат обврските, но ќе примаат плата и ќе бидат пријавени, иако дури за три месеци ќе почнат со работа.

50 луѓе добија решенија за работа во државната администрација. Со ова вработување на луѓе од албанската етничка припадност се исполнува дел од обврските од Рамковниот договор за пропорционална застапеност. 28 годишната Курти Мијахе, е една од 50 -те нововработени.

,,Примена сум како советник за координација и соработка во секторот за општи работи во составот на Владата.“
Јас сум советник, така нешто.“

,,Во кое Министерство ќе бидете вработени?„

,,А незнам уште не сум прочитал, само што излегов


Што ќе бидат вашите работни задачи?

,,Јас ќе советувам во врска со Рамковниот Договор, тука од прилика ќе се движат моите работи.“

Некои од луѓето што добија решенија за работа не ни проверија во своите решенија каде ќе бидат вработени:

,,Јас сум советник, така нешто.“

,,Во кое Министерство ќе бидете вработени?„

,,А незнам уште не сум прочитал, само што излеговме.“

,,Не се знае, уште ќе чекаме. Ќе биде како државен службеник вработувањето, ама каде ќе биде, ќе видиме.“

,,Тука се вработив како самостоен референт, е сега за одреденото место не се знае, но бидејќи со работно искуство сме имаме предност кој каде ќе биде, па сега ќе видиме во кое министерство. Е сега мене ако ме прашаат јас би сакал Министерство за здравство, за
Не се знае, уште ќе чекаме. Ќе биде како државен службеник вработувањето, ама каде ќе биде, ќе видиме
транспорт.“

Љузми Исмаили има завршено Педагошка Академија и работно искуство во воената полиција,. Откако му завршил договорот конкурирал за ново работно место во државната администрација.

,,Мое мислење и на другите што беа, е дека минимум ќе чекаме три месеци но, работата е дека од денеска ни тече стажот, плата и после три месеци почнуваме со работа.“

,,Значи сега ви почнува стажот и плата да ви тече, а ќе почнете да работите за три месеци?

,,Да, да од денеска се тече, но бидејќи сме голем број на луѓе во наредните месеци треба да не одредат кој каде ќе работи.“


Вицепремиерот Абдулаќим Адеми вели дека сега имаат програма со која ќе се одредуваат работните задачи за нововработените во институциите.

,,Сега ние имаме друг пристап, а не како претходно без да се има програма и организација, значи ние сега почнавме со подготовка со систматизацијата, потоа подготовка и усвојување на програмата и потоа отварање на конкурс.“

Ова е трето вработување во администрација според пропорционална етничка застапеност. Вицепремиерот Адеми најави и нови илјада вработувања годинава.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG