Достапни линкови

Ќе се постигне ли единство за името?


Медијаторот Метју Нимиц, премиерот Груевски и министерот Милошоски

Медијаторот Метју Нимиц, премиерот Груевски и министерот Милошоски

Власта и опозицијата во Македонија мора да изградат заеднички став околу позицијата за решавањето на спорот со името, е пораката на стручната јавност. Засега нема конкретни обиди за решавање на разногласието.

Власта и опозицијата мора да изградат заеднички став околу позицијата која во следните чекори од преговорите за Грција околу името ќе ги изнесат, велат експертите. Иако посредникот во преговорите Метју Нимиц побара таа позиција да биде доставена до крајот на август, нема никаков обид да се реши разноголасието на македонската политичка сцена. Според декларативните изјави сите се за компромис. Недостасуваат деталите и уште повеќе договорот околу тоа што точно подразбираат нивните ставови.
Треба да се разговара пред се, треба Владата да покаже добра воља, да уклучи некој и од опозицијата во тие преговарања, да се направат средби на највисоко ниво, да се види кој за што е, и подоцна да се излезе со тој заеднички став


,,Треба да се разговара пред се, треба Владата да покаже добра воља, да уклучи некој и од опозицијата во тие преговарања, да се направат средби на највисоко ниво, да се види кој за што е, и подоцна да се излезе со тој заеднички став.“

Вели политикологот Владимир Божиновски.
Не треба да се бараат виновници, туку треба да се покаже иницијатива за взаемно договарање, посочува Божновски зошто како што додава одговорноста е на сите и вината за евентуалниот неуспех да се дојде до решение. ќе падне на сите учесници на политичката сцена. Прашањето на различните ставови ја отвора и можноста за злоупотреба на прашањето во политички цели, додава Божиновски, што повторно не смее да се да се случи. Според професорот Осман Кадриу дополнителни недоречености во ставовите внесува и прашањето на референдумот. Со оглед на тоа што тој уставно не е задолжителен за вакво прашање, тој вели дека се одбира формула која може да значи несупех но, и само по себе може да генерира дополнителни проблеми.

,,Дури тогаш може да искрснуваат и други спорови, па од другите национални заедници кои живеат во Македонија, па нивниот став околу референдумот и излегувањето на референдум. Тоа ќе биде сериозно прашање и сериозен проблем.“

Вели Кадриу.
Според Божиновски и по прашањето на референдумот заедничкиот и јасен став ќе биде неопходен за да може и народот да се произнесе. доколку се создадат сите услови за решавање на спорот треба да бидат создадени услови референдумот само да го потврди решението, додава Божиносвски.

XS
SM
MD
LG