Достапни линкови

logo-print

Ирачкиот Премиер бара американски инвеститори


Премиерот на Ирак Нури Ал Малики денеска во Вашингтон разговара со Американскиот Претседател Барак Обама. Средбата се случува еден ден по бомбашки напади во Ирак во кои загинаа 18 лица. Една од целите на посетата на Ал Маники е да ги убеди американските инвеститори да вложуваат пари во Ирак, земја која изобилува со нафтени полиња. Сепак, остварувањето на целта на ирачкиот Премиер е отежната од зачестените бомбашки напади како и од загриженоста на американските власти дека помирувањето меѓу ирачките фракции се одвива споро.
XS
SM
MD
LG