Достапни линкови

logo-print

Земјоделците ,,на маки“ поради ниските откупни цени


Ниската откупна цена на пченицата и јачменот, се последните проблеми со кои се соочуваат македонските земјоделци. Експертите посочуваат дека ова ќе биде проблем се додека не се изнајде пласман за производите.

Во последно време проблемите со кои се соочуваат некои од земјоделците од земјава се ниските цени за откуп на пченицата и јачменот. Ова е само еден пример во низата во изминатиов период, кога земјоделците мака мачеа да ги продадат своите производи на пазарот по реална цена. Професорот Илија Каров вели дека тие и во иднина ќе имаат проблеми со пласманот и ниските откупни цени, бидејќи во земјава сеуште нема организирана трговска мрежа. Но, и Владата треба да им помогне да пронајдат нови пазари, каде што ќе го
Владата мора да изнајде начини за да им помогне во пронаоѓањето на нови пазари
продадат својот производ вели тој.

,,Владата мора да изнајде начини за да им помогне во пронаоѓањето на нови пазари. Еве сега е проблем со пченицата и јачменот, утре ќе биде проблем со пченката, после со оризот, веќе беше проблем со зелката, доматите итн. Едноставно ние немаме добро организирана трговска мрежа, Комора на државно ниво која што ќе им помага на земјоделците да се изнајде пазар што ќе го потрошат, што ќе го приберат нашето производство.“

Од Сојузот на земјоделци велат дека проблемите со кои се соочуваат тие како што е случајот со пченицата се поради светската економска криза. Но тие ќе се решат кога таа ќе заврши, бидејќи земјоделците сега имаат дозвола од ЕУ без давачки како другите земји од унијата да ги пласираат своите производи на пазарите во Европа вели претседателот на сојузот Вељо Тантаров.
Ние се надеваме дека од оваа криза како земјоделци, како аграр брзо ќе излеземе


,,Ние се надеваме дека од оваа криза како земјоделци, како аграр брзо ќе излеземе. Затоа што она што беше дозволено од ЕУ, за пласман на македонските земјоделски производи на европските пазари, без никакви давачки, полека почна да се остварува и патиштата за Унија се отвараат.“

Но Каров ги обвинува и земјоделските здруженија дека не им нудат помош на земјоделците.

,,Меѓутоа и нашите Асоцијации на земјоделци, здруженија на земјоделци, мислам дека не си ја вршат работата како што треба и најмалку се во функција на земјоделците. Мислам дека тоа не е доволно, тие најмалку се грижат да им се помогне на земјоделците околу пласманот.“

Во 2007 година се формираа две компании, кои требаше да ги решат проблемите со вишокот на земјоделските производи. Едната е во сопственост на Владата, другата на една Израелска фирма, а стоковата берза е таа што ќе ги откупува производите и ќе им ги нуди или на двете компании или пак на странските агроберзи. Но, од сојузот велат дека ова сеуште не функционира.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG