Достапни линкови

ЕУ челниците во зачестени посети на Балканот


Еврокомесарот за проширување Оли Рен

Еврокомесарот за проширување Оли Рен

Според експертите обидот да се изврши притисок за решавање на отворените прашања, е причина за честите посети на високи ЕУ претставници на Балканот. По Солана, во посета доаѓа Рен.

Доаѓаат да понудат морков, но истовремено и да ни се заканат со стап, ако не си ја завршиме домашната работа. Вака, дел од стручната јавност ги толкува посетите на Балканот на високи претставници на Европската унија. Мината недела во посета на Балканот дојде Високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана, а денеска, според најавите, Комесарот за проширување на Унијата Оли Рен со посетата на Белград ја почнува тридневната посета на регионот.
Професор Мерсел Биљали смета дека челниците на Унијата доаѓаат на Балканот да извршат притисок за брзо решавање на проблемите
,Ние сме во процесот на решавање на проблемот со името со Грција и практично сите овие посети се импулси, поддржувања и охрабрувања да заврши процесот
со кои се соочуваат државите од западниот Балкан, а за возврат нудат визна либерализација или датум за почеток на преговорите за полноправно членство во ЕУ.

,,Ние сме во процесот на решавање на проблемот со името со Грција и практично сите овие посети се импулси, поддржувања и охрабрувања да заврши процесот и тоа е во склоп на политичката помош, поддршка но и создавање на добра клима во јавноста за решавање на проблемот со името со Грција и најверојатно еве како што бевме наградени со визната либерализација, најверојатно ќе добиеме и датум за преговори со ЕУ.“

Тој смета дека токму проблемот за името со Грција е главната тема на која се задржуваат претставниците на Унијата.

,,Тоа е своевиден и дипломатски притисок, но и дипломатско убедување дека проблемот треба да се реши и дека ние сме влезени во тој процес и секако тоа е играта како ,,морков и стап.“

Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле, пак, смета дека челниците на Европската унија доаѓаат на Балканот да
Затоа останува охрабрувањето дека ЕУ смета на нас
ги утврдат слабостите на балканските земјите, за да имаат изговор за забавениот процес на проширување на Унијата. Чашуле вели дека тие сакаат да се поправи ситуацијата, која според него, е таква каква што е, делумно и поради недефинираната и не докрај изведена стратегија на Унијата во однос на регионот.

,,Унијата ќе продолжи и натаму, а пораките треба да бидат сватени и така, ќе продолжи да смета на западниот Балкан, таа никогаш нема да се откаже поради тоа што интересите на Унијата се далеку поголеми од недостатокот на нејзините и нашите перформанси заедно. Затоа останува охрабрувањето дека ЕУ смета на нас.“

По денешната посета на Белград, според најавите, Комесарот за проширување на ЕУ Оли Рен, попладнево патува во Подгорица, од каде утре треба да пристигне во Скопје. Од Македонија, Рен продолжува во Босна и Херцеговина.


  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG