Достапни линкови

Нови реакции од САД за иранската нуклеарна програма


Ако Иран не се отккаже од својата нуклеарна програма, Соединетите Американски Држави „ќе им ги надградат одбраните“ на своите сојузници во регионот, изјави денеска американскиот Државен секретар Хилари Клинтон. САД и нивните сојузници сметаат дека Иран ја користи нуклеарната програма за производство на оружје, додека иранските власти тврдат дека програмата нема воени цели. Клинтон за време на денешната посета во Тајланд изјави дека Америка се` уште ја нема повлечено понудата за билатерални разговори со Иран.
XS
SM
MD
LG