Достапни линкови

logo-print

Бакојани - Груевски не ја разбрал Мегународната заедница


Шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани денеска реагираше на изјавата на македонскиот премиер Никола Груевски во интервјуто за неделникот „Форум“ дека „двојната формула“ е природната позиција на Македонија во спорт за името со Грција.
- Скопје и премиерот Груевски не ја сфатиле пораката на меѓународната заедница, која е јасна, а тоа е дека за евротлантската ориентација на земјата неопходно е да биде најдено заемно прифатливо решение за спорот со името, односно сложено име со географска одредница за севкупна употреба, изјави Бакојани, коментирајќи ја изјавата на македонскиот премиер. Груевски во интервјуто објаснува дека позицијата на Македонија за двојната формула „е условена од однесувањето на Грција во преговорите која инсиситира на тоа да се промени уставното име на државата со името Република Северна Македонија и тоа за севкупно надворешно и внатрешно користење и со целосно исчезнување“.
XS
SM
MD
LG