Достапни линкови

САД Економија- Невработеноста проблем


Бен Бернанке пред Комитетот за Финансии на Конгресот

Бен Бернанке пред Комитетот за Финансии на Конгресот

Сведочењето на шефот на ФЕД, односно Централната Банка во Конгресот беше со доза на оптимизам за обновата на американската економија од најлошата рецесија од Втората Светска Војна.

,,Обновата се очекува да биде постепена во 2010 со извесно забрзување во 2011. Во истовреме, невработеноста највисока ке биде кон крајот на оваа година а проектираното намалување во 2010 и 2011 сепак ке биде над долготрајно одржливо ниво. Сите очекуваме дека оваа година инфлацијата да биде пониска и така и да остане и во следниве две години,,.
Обновата ке биде постепена во 2010 со извесно забрзување во 2011. Во истовреме, невработеноста највисока ке биде кон крајот на оваа година


Невработеноста е проблем кој, според економистите, го забавува опоравувањето на економијата од период на рецесија. Додека другите индикатори се позитивни, високата невработеност опстојува поради тоа што работодавачите не вработуваат работници додека не се сигурни дека економијата тоа може да го издржи. Ова рецесија не е исклучок, рече Бернанке. Невработеноста е 9,5 насто а се очекува до крајот на оваа година да изнесува 10,1 процент, а таа ќе остане висока и во 2011. Невработените не трошат, како и луѓето што работат, бидејки вестите за невработеноста ги плашат. Шефот на Федералните резерви Бен Бенрнанке беше внимателен во искажувањето дека стимулативните програми ке останат извесно време поради длабочината на рецесијата. Но тој изрази и гордост за овие програми велејки дека тие ја спречиле економијата од колапс, посебно во сферата на банкарксото работење. Клучот е јавната доверба. Токму за тоа загриженост изрази Конгресменот Емануел Кливер. Тој рече дека американците сега се воздржани во потрошувачката додека истовремено американскиот домашен производ речиси 70 насто зависи од од нивната потрошувачка. Што да се направи – праша Кливер, а Шефот на Централната Банка Бен Бернанке беше тивок за момент пред да одговори.

,,Не сум сигурен што да сугерирам, освен дека помагаат добро раководтсво и добри објаснувања. Но јавноста одговара на извесни знаци на подобрување. Така што чувствата на потрошувачите се подобрија со подобрувањето на акциите на берзите и сега перспективите изгледаат подобри и барем невработеноста престана да расте така брзо како што беше,,.


Од оваа изјава и од тонот на другите изјави на прашањата на Конгресмените, како што јавува дописникот на Слободна Европа од Вашингтон Ендрју Тули, јасно е дека Бернанке не ги охрабри членовите на Комиетот на Конгресот и покрај позитвните нешта кои ги изрече.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG