Достапни линкови

logo-print

Шведска го поздрави предлогот за визна либерализација


Министерот за надворешни работи на Шведска Карл Билд го поздрави предлогот за укинувањето на визите за Македонија, Србија и Црна Гора, но ги отфрли критиките за тоа што Европската комисија од својот предлог за либерализација ги исклучи Албанија и Босна и Херцеговина.
Политичкото раководство во Босна е хронично неспособно да се договори. Тие ја водат истата војна како и пред 15 години, само што овој пат тоа го прават со зборови, изјави Билд во надворешно политичкиот одбор на Европскиот Парламент во Брисел. Шведска е актуелен преседавач на Европската Унија.
XS
SM
MD
LG