Достапни линкови

Премиерот Груевски во официјална посета на Србија


Премиерот Никола Груевски ќе престојува во еднодневна официјална посета на Србија, каде што ќе се сретне со српскиот државен врв. Во состав на македонската делегација се и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ и директорот на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо. За време на посетата, предвидено е потпишување Спогодба за економска соработка и Програма за културна соработка со Србија.
XS
SM
MD
LG