Достапни линкови

Бајден ја потврди американската подршка за Украина


Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека Вашингтон ги подржиува напорите на Украина да стане дел од НАТО. Бајден одржа заедничка прес конференција со Претседателот на Украина Виктор Јушченко кој ја потврди посветеноста на неговата земја за влез во Северноатланската Алијанса. „Како што се наведува во Украинскиот закон за безбедност, евроатланските инструменти се најдобар начин за обезбедување на национална безбедност“ рече Јушченко. Украинските власти бараат потврда дека напорите на Вашингтон за подобрување на односите со Москва нема негативно да влијае на украинското интегрирање во Алијансата. Бајден потврди дека разговорите на САД со Русија нема да наштетат на американските односи со Украина.
XS
SM
MD
LG