Достапни линкови

Одложено објавувањето на два клучни извештаи


Одложено е објавувањето на клучен извештај за третманот на притворени осомничени за тероризам кој го нарача американскиот Претседател Барак Обама. Објавувањето на документот е одложено за шест месеци откако се пречекори денешниот краен рок. Објавувањето на друг извештај кој ги третира процедурите за испрашување на осомничените терористи е одложено за два месеци. Претседателот Обама ги нарача извештаите по иницијативата за затворање на американскиот затвор Гвантанамо Беј во Куба.
XS
SM
MD
LG