Достапни линкови

Распуштен јапонскиот парламент


Јапонскиот премиер Таро Асо денеска го распушти парламентот, со што е отворен патот за предвремени избори. Асо ги закажа изборите за 30-ти август и според расположението на гласачите, се чини тоа ќе биде крајот на владеењето на неговата Либерално Демократска Партија. Таро Асо ја превзеде функцијата премиер во септември, во време кога јапонската економија влезе во рецесија.
XS
SM
MD
LG