Достапни линкови

Хилари Клинтон на конференција за безбедност на Тајланд


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон пристигна на Тајланд, каде што ќе учествува на регионалната конференција за безбедност. На состанокот на Асоцијацијата на државите од југо-источна Азија, што утре ќе се одржи во Пуке, главни теми ќе бидат нуклеарната програма на Северна Кореја и борбата против тероризмот.
XS
SM
MD
LG