Достапни линкови

Бајден во посета на Украина


Американскиот потпретседател Џо Бајден денеска во Киев ќе се обиде да ги убеди украинците дека напорите на Вашингтон за обновување на односите со Москва нема да биде на штета на Украина. Бајден ќе разговара со украинскиот претседател Виктор Јушченко, со премиерката Јулија Тимошенко и со опозициониот лидер Виктор Јанукович. Бајден утре ќе ја посети и Грузија. Според најавите, Бајден во Украина и во Грузија ќе побара и прогрес во демократските процеси во двете земји.
XS
SM
MD
LG