Достапни линкови

Американскиот амбасадор Филип Рикер во Тетово


Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, во Тетово, се сретна со градоначалникот Сади Беџети, со кандидатите за градоначалници на последните локални избори и со претставници на Бектешката заедница.
По средбата, амбасадорот Рикер ги повикал сите заеднички, максимално да се заложат за решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните и за унапредување на условите за живот во општината.
Поглаварот на Бектешката заедница во Македонија, Едмонд Брахимај, на средбата со Рикер во тетовското Теќе, побарал поддршка за што е можно побрза нивна законска пререгистрација како верска заедница.
Тој, го информирал амбасадорот Рикер за проблемот што го има Бектешката заедница со Исламската верска заедница околу сопственоста на тетовското Арабати Баба Теќе.
XS
SM
MD
LG