Достапни линкови

Месиќ: Уставниот суд да го оцени Законот за вештачко оплодување


Хрватскиот претседател Стипе Месиќ најави дека ќе побара од Уставниот суд на неговата земја да ја оцени уставноста на Законот за вештачко оплодување, што беше усвоен мината недела од хрватскиот Сабор. Месиќ смета дека посочениот закон е неуставен, зашто ги доведува граѓаните во нерамноправна положба. Тој посочи дека, како на правник, му е неприфатливо, двајца кои се во врска да мора да го докажат тоа пред судот, алудирајќи на законската одредба, според која на вештачко оплодување може да се подложат и вонбрачни парови кои ќе докажат дека се во вонбрачна врска најмалку три години.
„Нормално е некој да може без брачен другар да посвои дете и да го чува, и тоа е прифатливо за општеството. Јас се согласувам дека е. Ама, на друга страна имате двајца во врска, за која мора да докажат дека трае три години. Која е логиката? Јас тука не гледам логика“, рече Месиќ.
XS
SM
MD
LG