Достапни линкови

logo-print

Обама ги мобилизирал малцинствата да гласаат


Барак Обама, со кандидатурата за претседател на САД, ги мобилизирал големиот број припадници на малцинствата да излезат и да гласаат - и тоа не само Афроамериканците, туку и Хиспаноамериканците и Азијците, покажува извештајот на американското Биро за попис на населението. На изборите од 4 ноември минатата година, гласале 5 милиони луѓе повеќе, отколку на претходните избори кога победи Џорџ Буш. Според резулатите на Бирото, на овие избори излегле 2 милиони Афроамериканци повеќе отколку на претходните, што важи и за Хиспаноамериканците.
За разлика од изборите во 2004, на минатогодишните претседателски избори во САД, гласале и 600 илјади повеќе Американци од азиско потекло.
XS
SM
MD
LG