Достапни линкови

Обама: Математиката и природните науки повторно се „кул“


Американскиот претседател Барак Обама ги нарече астронаутите од вселенскиот брод Аполо 11 „тројца вистински американски херои“, кои го поттикнале развојот на човечкиот дух и ги инспирирале студентите по математика и по природни науки.
На церемонијата во Белата куќа, на која се обележаа 40 години од првото стапнување на Месечината, Обама го спореди достигнувањето на космонаутите со својата цел - до 2020 година, САД да имаат најмногу факултетски образувани луѓе во светот.
Обама рече дека сака да ја искористи годишнината од спуштањето на Аполо на Месечината да покаже дека „математиката и природните науки повторно се кул“.
Посадата на Аполо 11, секоја петта година ја посетува Белата куќа и се среќава со секој американски претседател, почнувајќи од Ричард Никсон.
XS
SM
MD
LG